Дома Фудбал Италија Нови проблеми за Милан: Во понеделник стигнува жестока казна од УЕФА

Нови проблеми за Милан: Во понеделник стигнува жестока казна од УЕФА

Според пишувањата на Газета дело Спорт, Милан во понеделник и официјално ќе биде казнет од УЕФА. Имено, извор близок на овој италијански медиум тврди дека милан ќе биде казнет со 30 милиони евра и едногодишна суспензија од Лига Европа.

Милан сезоната во Серија А ја заврши на шестото место и го осигура пласманот во ЛЕ за наредната сезона, а сега веројатно тоа нема да се случи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


УЕФА наводно одлучила да ја одбие жалбата на Росонерите околу договорот за финансискиот фер-плеј, па овој клуб е во големи проблеми.

Милан минатото лето потроши 200 милиони евра на засилувања, а сега поради тоа веројатно ќе биде исфрлен од европската сцена. Елеминација на Милан му се закануваше и во 2006. година кога беше обвинет за наместени натпревари во домашното првенство. Светлото од крајот на тунелот навивачите сега го гледаат во новото раководство на клубот на кое главната цел ќе биде да ги отплатат долговите.

Да потсетиме, се започна кога Силвио Берлускони одлучи да им го продаде клубот на кинеската конзорција Sport Investment за неверојатни 740 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …