Нема крај за проблемите со Зинедин Зидан кога се повредите во прашање.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дефанзивецот Начо Фернандес синоќа на мечот со Бриж во ЛШ се здоби со повреда на коленото, која ќе го оддалечи од терените цели 3 месеци, соопштува „Марка“.
Начот беше заменет на полувремето, а деталните прегледи покажаа дека има оштетување на лигаментот на коленото.
Тоа е повреда која бара подолг период на рехабилитација, па 29-годишниот Шпанец ќе биде надвор од терените цели 3 месеци.
„Кралевите“ имаат големи проблеми со повредите оваа сезона, па ова е 14-та повреда во тимот од почетокот на сезоната.
Nacho is set to be out for two and a half months with a knee injury. [COPE] pic.twitter.com/mWhCey8Lfl
— RMOnly (@ReaIMadridOnly) October 2, 2019