Реал Мадрид загуби од Виљареал и има тежок распоред во јануари, а сега остана и без Давид Алаба и Орељан Чуамени.
Иако повредите се полесни, се очекува Алаба и Чуамени да бидат надвор од терените околу три недели, што значи дека ќе се вратат на почетокот на февруари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа значи и дека Австриецот и Французинот ќе го пропуштат шпанскиот Суперкуп во Ријад, дуелот со Виљареал во Копа Дел Реј, како и дуелите со Атлетик Билбао и Реал Сосиедад во Примера.
За очекување е Антонио Ридигер наместо Алаба да игра покрај Милитао во срцето на одбраната, додека Тони Крос ќе го замени Чуамени, а Валверде ќе му се придружи на Модриќ напред.
Во среда од 20 часот, Реал со Валенсија го игра полуфиналето од Суперкупот, а потоа во недела потенцијално и финалето со Барса или Бетис.