Трите кикса на домашен терен не се единствените лоши вести за Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес пристигна информација дека Марсело ќе мора да паузира околу месец дена поради повреда на мускулот на левата нога.
Бразилецот денес беше на детални прегледи па утврдена е ротура на мускулот што бара одмор од најмалку четири недели.
Бидејќи и Тео Хернандез е лесно повреден и ќе мора да паузира околу две недели, Начо ќе мора принудно да игра лев бек на следните натпревари против Алавес и Борусија Дортмунд.
Ова се лоши вести за тимот на Зидан кој лошо ја отвори сезоната и уште сега заостанува седум бода зад Барселона.