Дома Фудбал Останато Нови критики за Балотели: Начинот на кој тренираше беше срамен, не знам како играше пред мене

Нови критики за Балотели: Начинот на кој тренираше беше срамен, не знам како играше пред мене

Поранешниот англиски фудбалер Рики Ламберт смета дека работните навики на Марио Балотели се срамни и дека поради му сметало што своевремно Италијанецот добивал место пред него во Ливерпул.

Ламберт и Балотели беа соиграчи во сезоната 2014/2015, а задача им беше да го надополнат отсуството на Луис Суарез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„На почетокот се беше добро, постигнав неколку голови и бев среќен. Сепак, јасно беше дека играчите беа шокирани од заминувањето на Суарез. Јас не можев да го заменам, зарем не? Тогаш Брендан Роџерс го доведе Марио Балотели и му даваше предност во однос на мене. Не можев тоа да го разберам“.

„Начинот на кој тренираше беше срамен. Надвор од теренот беше добро момче. Но, она во што се претвараше на теренот беше срамно. Не можев да разберам како игра пред мене. Влијаеше на мене директно, но и на комплетниот тим“.

Англичанецот на „Енфилд“ се задржа една сезона.

q3„Знам дека не покажав доволно за да бидам во Ливерпул. Требаше да бидам повеќе одлучен, да ја искористам приликата која ми се даде. Поради некои работи сум разочаран, но секогаш ќе бидам благодарен што имав прилика да го носам дресот на Ливерпул. На тоа ќе бидам горд до крајот на животот“, изјави Ламберт.

Ќе потсетиме, неодамна критики на сметка на Балотели испрати Џорџо Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …