Дома Фудбал Англија Нови детали: Погба јасно порачал – или тој или Мурињо!

Нови детали: Погба јасно порачал – или тој или Мурињо!

pogba

Пол Погба дефинитивно е во конфликт со Жозе Мурињо.

На Островот се пишува дека тој им се доверил на пријателите дека лошата тактика на тренерот и однесувањето кон него го „убива“ и дека е сигурен во своето заминување, ако Мурињо остане тренер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се наведува и дека Погба нема намера да се бори против тренерот, како и дека поголемиот број играч се незадоволни.

Имено, освен него уште неколкумина фудбалер имаа забелешки на однесувањето и тактиката на Мурињо кој изгледа целосно ја изгуби контролата. Санчез отпишан, а наводно и капитенот Валенсија скоро да не разговара со тренерот. Тука може да се додаде и незадоволство на Баи и Марсијал.

Мурињо ја подели екипата во тоа нема никакво сомневање, Џејми Карагер тврди дека ја нема поддршката од соблекувалната и дека ако изгуби од Валенсија и не победи против Њукасл ќе добие отказ.

Останува да видиме што ќе се случува вечерва против Валенсија, но како што кажавме ги нема Санчез и Лингард, Рашфорд и Мата ќе започнат зад Лукаку, во средината ќе бидат Погба, Матиќ и Фелаини, во одбраната десно Валенсија, лево Шо, стопери Смолинг и Линделоф и на голот Де Геа.

Марсијал се сели на клупата, Баи дефинитивно го изгуби местото во тимот, се добива впечаток дека со осовј состав Мурињо сака да се обезбеди дека сите ќе дадат максимум и наводно им соопштил на играчите дека според него Мата и Шо даваат повеќе од останатите.

На оваа информација треба и да се потсети дека Лук Шо, вчера во медиумите го бранеше Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…