Дома Фудбал Италија Нови детали: Другари и братот Матијас со оружје сакале да изнудат пари од Погба

Нови детали: Другари и братот Матијас со оружје сакале да изнудат пари од Погба

Пол Погба пријавил во француската и италијанската полиција дека бил жртва на обид за изнуда на пари. Двајца негови пријатели и братот Матијас се обиделе од него да извлечат 13 милиони евра.

Шокантна вест се појави во јавноста поради скандалозното видео на Матијас Погба, на кое се заканува дека ќе направи скандалозни откритија за играчот од средниот ред на Јувентус, но и за неговиот соиграч во француската репрезентација, Килијан Мбапе.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Само еден час подоцна следеше одговор од правниот тим на фудбалерот на Јувентус, кој обелодени дека Погба е уценуван за 13 милиони евра од криминална банда, чиј член меѓу другите е и Матијас.

Кон крајот на март оваа година, Погба додека бил на собирот на француската репрезентација ја посетил својата мајка во гратчето Ланаи-сур.

Потоа, осудените го одвлекле до станот и го обвиниле дека ги игнорирал пријателите од детството откако станал професионален фудбалер. Двајцата вооружени напаѓачи кои бараа од него 13.000.000 долари тогаш тврделе дека дискретно го штителе во последните 13 години.

Француската полиција води детална истрага за целата ситуација, па наскоро ќе се дознае вистината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…