Француските медиуми открија детали од инцидентот со Џанлуиџи Донарума, и неговата сопруга, кои синоќа беа ограбени во нивниот дом во Париз.
Извори блиски на истрагата открија дека во 3 часот наутро крадците го нападнале обезбедувањето на влезот во зградата во која се наоѓа станот на италијанскиот голман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако се справиле со него, се качиле на катот и упаднале во домот на Донарума. Таму крадците почнале да го тепаат фудбалерот, удирајќи го со нога во главата, по што се здобил со две рани.
Голманот и неговата сопруга Алесиј потоа биле врзани и со закана со пиштол морале да откријат каде се наоѓаат нивните вредни предмети. Така, разбојниците добиле накит, скапи чанти и луксузни часовници со вкупна вредност од околу 500.000 евра.
Во тек е истрага на полицијата, по која се очекуваат повеќе детали за инцидентот.