Душан Влаховиќ утрово е во центарот на вниманието на италијанските медиуми.
Српскиот напаѓач не се најде во составот на Фиорентина за дуелот со Каљари, следуваа разни шпекулации. Но, Фиорентина ја смири ситуацијата со објавата дека има двајца играчи кои се позитивни на коронавирусот. Инаку, Влаховиќ претходно веќе имаше ковид-19.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Утрово пристигнува информација која ги изненади навивачите на Фиорентина. Весникот „Ла Национе“ кој важи за добро упатен со случувањата во Фиорентина пишува дека Влаховиќ сака само во Јувентус.
Се наведува дека во последните часови работите се забрзале и сега има шанси тој трансфер да се реализира во јануари, наводно меѓу Јувентус и менаџерите на Влаховиќ се е договорено.
Очекувањата се сега да пристигне и официјалната понуда на адреса на Фиренца, се уште не е познато дали тоа ќе биде 70 милиони евра, сума која ја бара Фиорентина или Јувентус ќе вклучи и некои играчи.