Оливие Жиру се повреди во текот на мечот од Лига Купот против Вест Хем, кој Арсенал го доби со минимални 1:0.
Французинот го напушти теренот на 18 минути до крајот, а првите проценки беа дека на теренот ќе се врати на почетокот на јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, како што пренесуваат француските медуми, дополнителните прегледи утврдиле дека Жиру ќе мора нешто подолго да паузира.
Имено, поради повредата на задната ложа, францускиот репрезентативец на теренот би можел да се врати дури во февруари.
Жиру не е стандарден првотимец во редовите на тимот од „Емирати“, но има значајна улога во тимот. Неговите погодоци оваа сезона имаа големо влијание за „Топчиите“, па нема сомнеж дека ова ќе биде голем хендикеп за екипата на Арсен Венгер.