Дома Фудбал Италија Новите правила во Италија: Зошто играњето со рака на Бонучи не беше пенал?

Новите правила во Италија: Зошто играњето со рака на Бонучи не беше пенал?

Во Италија како и вообичаено има најмногу полемики околу судењето, па така со стартот на првенството веднаш добивме ситуација која се коментира.

Главниот судија на судиската комисија на ФИГЦ, Никола Рицоли пред стартот на првенството донесе нови правила поврзани за пеналите и со нив треба да се намалат бројот на казнетите удари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Рицоли од судиите побара на терен да ја проценат динамиката, близината и самата акција кога топката ќе погоди некој играч во рака.

Првата спорна ситуација беше видена на натпреварот Јувентус – Сампдорија. Во 44 минута шутот на Бонацоли заврши во раката на Бонучи која беше далеку од неговото тело, но стоперот на Јувентус беше преблиску и не стигна да реагира.

Судијата Пичини имаше одличен преглед и процени е дека се работи за многу блиска одалеченост и според новите правила тоа не е пенал.

Инаку, оваа ситуација предизвика многу полемика во Италија, посебно затоа што се работи за Јувентус кој често пати е под лупа поради судењето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …