Новите газди на Њукасл сакаа големо име за тренер, сепак како што стојат работите изгледа ќе мораат да се задоволат со Еди Хоу.
После Конте и Зидан, последен кој ги одби „црно-белите“ беше Унаи Емери. Наводно сега најголеми шанси за да седне на клупата на овој клуб му се даваат на Еди Хоу. Стратегот кој го водеше Бурнемоут во овој момент е без ангажман. Бурнемоут го водеше цели осум сезони од 2012 до 2020 година и во Премиер лигата имаше неколу успешни сезони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Англија важи за еден од најдобрите млади тренери, а првата задача ќе му биде да избори опстанок со Њукасл бидејќи тимот е претпоследен без ниту една победа. Во јануари ќе треба да пронајде и вистински засилувања за да започне големиот проект на шеиците.