Со новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот, на „Енфилд“ пристигнаа нови методи на работа, а многумина се зачудија кога ја видоа необичната опрема што голманите ја носат на тренинзите.
Објавени се фотографии на кои голманот на „Црвените“ носи чудни наочари за време на тренингот, а набрзо дојде и објаснување за што се работи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, наочарите кои ги носи тимот на Слот се наменети за подобрување на реакциите на голманите, координацијата на нивните очи и раце, како и техничките вештини бидејќи го намалуваат количеството на сензорен влез, односно внесување информации за време на тренингот.
Очилата се произведени од американската компанија Swivel Vision и тие го ограничуваат периферниот вид на носителот и го принудуваат да ги следи звучните сигнали. Во основата, наочарите се произведуваат со идеја голманот да му биде што поголем предизвик да стигне до топката на тренинг, така што оваа работа ќе им биде полесна за време на натпреварите.
Инаку, вчера Ливерпул одигра подготвителен натпревар „зад затворени врати“, а беше поразен со 1:0 од тимот на Престон, кој се натпреварува во Чемпионшип.