Дома Топ вести Новиот стадион ќе му носи на Реал приход од 150 милиони евра годишно!

Новиот стадион ќе му носи на Реал приход од 150 милиони евра годишно!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез откри нови детали околу модернизацијата на „Сантиаго Бернабеу“.

Во мај 2017 година беше подготвен финалниот план, а денес беше одобрено финансирањето на проектот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Цената требаше да биде 400 милиони евра, но измената на проектот ја покачи сумата на 525 милиони евра“, изјави Перез.

„Сега има одлични услови за земање кредит, каматите се многу ниски и треба да го искористиме тоа. Најдобрата формула сега е финансирање на долгорочен план. Треба да се напомене дека новиот стадион ќе му носи на клубот годишен приход од 150 милиони евра“, додаде првиот човек на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…