Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф стана сопственик на 25% од Манчестер Јунајтед и планира огромни инвестиции во иднина.
Меѓу плановите е и уривање на „Олд Трафорд“ и изградба на нов стадион. Неговата идеа е да го сруши култниот стадион со капацитет од 73.031 место кој е најголем во Премиер лигата, а втор во Англија после Вембли.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најбогатите луѓе во Велика Британија е подготвен да вложи дури две милијарди фунти во тој проект. Постои опција за реновирање на одредени делови, но многу поизвесно е дека „Театарот на соништата“ наскоро ќе биде срушен.
Извршниот директор на архитектонската компанија „Популус“, Крис Ли, смета дека нов стадион е најисплатливото решение за Манчестер Јунајтед.