Новиот селектор на Македонија, Драган Бајиќ собра најмногу гласови и е избран за најдобар тренер во АБА лигата сезонава.
Бајиќ ја победи конуренцијата со освоени 63% од гласовите во традиционалниот избор кој го организира менаџментот на АБА лигата. Зад Бајиќ заврши стратегот на Цедевита Олимпија, Јурица Големац, па Вадимир Јовановиќ од Мега. Големац освои (10.8%) од гласовите, а Јовановиќ (7.7%).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До ова признание Бајиќ дојде со неверојатната сезона со Игокеа која ја одведе помеѓу најдобрите четири екипи кои преку плеј-офот ќе се борат шампионската титула.
На селекторската клупа на Македонија Бајиќ ќе дебитира во втората рунда од претквалификациите за СП 2023.