Дома Фудбал Италија Новиот проблем на Јувентус: Федерико Бернардески!

Новиот проблем на Јувентус: Федерико Бернардески!

Италијанскиот офанзивец во јануари би можел да го напушти клубот.

Кога Јувентус пред две години на Фиорентина и плати 40 милиони евра за Федерико Бернардески некои веруваа дека може да се повтори ситуацијата со Роберто Баџо. Фиренца не „гореше“ како кога Баџо премина во Јувентус, но тензијата во клубот од Тоскана повторно се почуствува.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бернардески беше доведен како еден од играчите на кои може да се темели иднината на Јувентус. Во тој момент важеше за можеби најголемиот офанзивец потенцијал на италијанскиот фудбал, Меѓутоа авантурата на Бернардески во Торино не започна онака како што се очекуваше.

Ја започнува веќе третата сезона, а напредок скоро и да нема. Во првата сезона постигна четири гола на 31 натпревар, но дури на 22 влегуваше од клупата. Во минатата сезона доби поголема минутажа, одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, стартер беше на 22 од нив, но играше послабо и постигна само три гола.

Со доаѓањето на Маурицио Сари место Макс Алегри ситуацијата за Бернардески уште повеќе се влоши. Новиот тренер одлучи Роналдо да го прфрли на крилото и во шпицот да ги менува Игуаин и Дибала. Сари покажа дека прв избор на страничните позиции ќе му бидат Роналдо и Коста, додека Квардадо ќе биде прв избор за замена, значи за Бернардески останува многу мал простор.

Бернардески доби прилика да биде стартер во Фиренца и одигра многу слабо. После тоа на гостувањето кај Атлетико преседе на клупата, против Верона и Бреша влегуваше во второто полувреме, меѓутоа не покажа ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…