Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Одион Игало ќе биде во групата на „црвените ѓаволи“ за следниот меч кој на програмата е на 17-ти февруари против Челзи.
Нигериецот пристигна на „Олд Трафорд“ во последниот ден од преодниот рок како позајмен фудбалер од Шангај Шенхуа и се уште го чека своето деби.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во моментов Игало дури и не може да патува со тимот на припреми во Шпанија, поради рестрикција за патување на луѓето кои подолго време биле во Кина поради вирусот. Тој тренира индивидуално во тренин центарот на Манчестер и ќе биде на располагање за мечот со Челзи.
„Одион ќе биде со нас за мечот на Стенфорд Бриџ. Ќе видиме како ќе тренира оваа недела, но сметам дека ќе може да биде повикан“, потврди Солскјер.