Дома Фудбал Италија Новиот миленик на македонската јавност го продолжува договорот со Интер?

Новиот миленик на македонската јавност го продолжува договорот со Интер?

Новиот миленик во македонската спортска јавност (тука), Хрватот Марсело Брозовиќ изгледа ќе потпише нов договор.

Брозовиќ игра одлично во Интер и се наметна како еден од подобрите играчи на својата позиција. Поради тоа не чуди што за него интерес покажуваа повеќе европски клубови, но тој не сака да ја промени средината.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер сака да го задржи и според последните информации од Апенините двете страни се блиску до договор.

Новиот договор на Брозовиќ би требало да има важност до јуни 2023 година, а Хрватот би заработувал четири милиони евра годишно. Разликата во однос на сегашниот е што нема да има откупна клазула. На тој начин Интер би можел да одреди нова цена.

Во случај Брозовиќ да не го продолжи договорот клубовите кои се заинтересирани ќе можат да го откупат неговиот договор за 60 милиони евра.

Зад Брозовиќ е одлична сезона. Во Серија А е рекордер по бројот на претрчани километри и е втор по бројот на точни додавања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …