Дома Фудбал Италија Новиот миленик на Италијаните: Мамо, повеќе не мораш да работиш дојди кај мене во Торино

Новиот миленик на Италијаните: Мамо, повеќе не мораш да работиш дојди кај мене во Торино

Италијанците добиваат нов фудбалски миленик.

Младиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин го постигна првиот гол во дресот на репрезентацијата на Италија, претходно постигна два гола и во дресот на Јувентус за Удинезе. Станува збор за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кин ја затресе мрежата на Финска и помогна неговата Италија да стигне до првите три бода во квалификациите за ЕП 2020.

Приказната на Кин е филмска од самиот почеток.

На неговата мајка и било кажано дека нема да може да има повеќе деца, а тогаш на сон и се појавил Мојсеј.

„Неговото раѓање беше чудно. Докторите ми зборуваа дека нема да можам да имам повеќе деца. Плачев и се молев. Џовани (постариот брат на Моис) секогаш ме прашуваше кога ќе му донесам на свет помал брат. Една ноќ го сонував Мојсеј. Четири месеци после тој сон јас останав бремена“, раскажува Исабел Дехе, мајката на Кин за италијанските медиуми.

Пред една година младиот Моис сакал да и се одолжи и преку телефон и соопштил дека има изненадување за неа.

„Ме повика, беше 4:30 часот наутро. Во тоа време тргнував на работа. Ми кажа дека има изненадување за мене. Ми кажа: Мамо, потпишав за Јувентус сега повеќе не мораш да работиш и дојди да живееш со мене во Торино“, открива Исабел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Љоренте го праша Де Роси уште колку има до крајот, тренерот на Рома урнебесно реагираше 🎥

Екипата на Рома вчера го елиминираше Милан и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Евр…