Натурализираниот македонски репрезентативец Итан Хап и на вториот меч во црвено-жолтиот дрес беше на високо ниво и еден од најдобрите играчи во тимот кој го предводи Алекандар Јончевски.
Имаше дури 31. индексен поен до кои дојде со реализација на 19.поени, 7 скока, 5 асистенции, 5 освоени топки за 34:28 минути во игра,
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По мечот, силното крило на нашиот национален тим тне го криеше своето воодушевување, особено од играта на Ненад Димитријевиќ, со кого го наполнија противничкиот кош.
„Селекторот одлично нè подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа како игра. Како што рече селекторот, секој што се појави на паркетот има удел за денешната победа“ – изјави Хап на собирот со новинарите по крајот на овој натпревар во кој Македонија покажа дека може да дојде до целта – пласман на ЕП во 2025.