Дома Фудбал Останато Новинар открива скандал: Гласовите за „Златната топка“ му биле променети!

Новинар открива скандал: Гласовите за „Златната топка“ му биле променети!

Во изборот на „Франс Фудбал“ за 2018 година „Златната топка“ ја освои Лука Модриќ после гласањето на 180 новинари, а сега се појави еден од нив кој тврди дека неговите гласови биле променети.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ласана Либурд, новинарот од Тринидад и Тобаго се огласи на „Твитер“ и порача дека неговото гласачко ливче не изгледало онака како што вчера беше објавено.

„Франс Фудбал“ објави дека Либурд на првото место го ставил Гризман, потоа Салах, Роналдо, Лука Модриќ и Меси.

Меѓутоа тој тврди неговиот избор требало да биде обратно, односно така што Меси ќе биде пред Модриќ, Роналдо, Салах и Гризман.

Тој додава и дека поседува гласачко ливче со кое може да го докаже неговото тврдење.

Засега тој е единствениот од 180-те новинари кои тврди дека неговите гласови биле погрешно пресметани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инфантино повторно се огласи: Повторувам, мораме да ги почитуваме судиите и правилата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повторно се огласи преку социјалните мрежи, среде по…