Дома Топ вести Новинар во емисија објави „бомба“: Реал Мадрид преговара со Салах!? (ВИДЕО)

Новинар во емисија објави „бомба“: Реал Мадрид преговара со Салах!? (ВИДЕО)

Maдритски Реал наводно започнал преговори со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Така барем тврди новинарот на францускиот „Канал плус“ Фелипе Карајон кој во програмата на оваа телевизија истакна:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан не го сака само Еден Азар. Постојат одредени контакти помеѓу Реал Мадрид и Мохамед Салах“, тврди Карајон.

Ова секако се големи вести. Евентуалниот трансфер на Салах во Мадрид би предизвикал потрес во фудбалска Европа, а напаѓачката игра на „кралевите“ со него и Азар би добила сосема поинаква димензија.

Сепак, освен овие тврдења на Карајон засега нема други информации за преговори помеѓу Салах и Реал Мадрид, па информацијата треба да се земе со доза на резерва.

Она што е познато е дека Реал Мадрид спрема реконструкција на тимот. Реал ова лето сигурно ќе продаде поголем број играчи, а најавите се дека Зидан за засилувања ќе има сума од 540 милиони евра на располагање.

Салах веќе две години е играч на Ливерпул и во дресот на „црвените“ постигна 70 голови на 103 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…