Дома Фудбал Франција Новинарите го налутија Ал-Келаифи: Проблем меѓу Мбапе и Нејмар? Нема ништо, вие ги правите проблемите!

Новинарите го налутија Ал-Келаифи: Проблем меѓу Мбапе и Нејмар? Нема ништо, вие ги правите проблемите!

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи инсистира на тоа дека нема проблем помеѓу Килијан Мбапе и Нејмар, споредувајќи ги нивните фрустрации како оние помеѓу брат и сестра.

Гласините за незадоволство помеѓу двете ѕвезди на „светците“ се засилија после победата на клубот од Париз од 5:2 против Монпелје на 13. август. По овој натпревар се пишуваше за наводен голем конфликт во соблекувалната во кој ситуацијата ја смирувал Серхио Рамос.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Набрзо потоа внимание привлече „лајкот“ на Нејмар на социјалните мрежи на објава дека Мбапе после новиот договор почнал да се однесува како да е сопственик на клубот. После вчерашниот ждреб за Лигата на шампионите на кој ПСЖ за противнции ги доби Јувентус, Бенфика и Макаби Хаифа новинарите го прашаа Ал-Келаифи и за оваа ситуација.

„Не, не. Воопшто нема проблеми. Мислам дека проблемите ги правите само вие новинарите. Тоа се нормални расправии како помеѓу брат и сестра, Килијан и Нејмар се добри соиграчи и добри пријатели“, порача Ал Келаифи.

ПСЖ фуриозно ја отвори новата сезона во Лига 1 со три победи и со 17 постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…