Младиот тим на Реал Мадрид беше подобар од Барселона со 84-71 во финалето на шпанскиот Куп за кошаркари до 14 години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одлична ноќ имаше талентираниот кошаркар на „кралевите, Мамаду Ландур, кој постигна дури 56 поени, 33 скокови и пет блокади.
Ландур има само 13 години, но го покажа својот квалитет во вечното дерби против Барселона и ја доби МВП-наградата.
Талентираниот кошаркар до мечот со Барселона во просек постигнуваше по 19,2 поени и 17,4 скокови по натпревар.