Во летото кое е зад нас Кристиано Роналдо направи голем трансфер и од Реал Мадрид премина во Јувентус, но тоа можело да биде и поинаку.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неодамна, во италијанските медиуми се појави вест дека Милан преговарал за доведување на Роналдо во текот на летото. Сега на оваа тема зборуваше и поранешниот спортски директор на „росонерите“, Масимо Мирабели.
„Тоа беше нешто за што мораше добро да се размисли. Ќе откријам и дека започнавме преговори со неговиот агент, Жорж Мендеш. Свесни бевме за проблемите на Роналдо во Мадрид. Разговаравме за платата и условите кои би требало да ги добие во Милано. Потоа беа известени и кинеските сопственици, на кои сумата не им одговараше“.
„Сигурен сум дека доколку Милан во тоа време ги има денешните сопственици, Роналдо ќе играше во Милано“, изјави Мирабели.
Мирабели функцијата спортски директор во Милан ја извршуваше се додека клубот не беше превземен од инвестициониот фонд „Елиот“.