Дома Фудбал Италија Нова понуда од Милан: Игуаин го држи клучот, Јуветус е сеуште неодлучен…

Нова понуда од Милан: Игуаин го држи клучот, Јуветус е сеуште неодлучен…

Денес во Ница ќе се оддржи нов состанок помеѓу Јувентус и Челзи, Милан би можел да остане со празни раце, но и во Торино ја загризаа јадицата, го сакаат Лео Бонучи…

Милан лансираше нова понуда до Јувентус, размена Калдара-Бонучи плус, би го зеле Игуаин на позајмица која би ја платиле 15 милиони, со право на откуп следната сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Јувентус размислуваат, одбија понуда од Челзи за Ругани, ако пристигне Бонучи, а ако оди и Калдара, имаат формирана одбрана за следната сезона.

Но, од друга страна, тоа значи празна лажица, бидејќи Милан не мора да го откупи „Пипита“ на крајот од сезоната, па Јувентус би сакал со задоволство да соработува со Челзи.

Ниту самиот Игуаин нема да има никаков попуст за Милан, имено тој ги бара своите 7,5 милиони по сезона, а не е расположен за позајмица без директен откуп.

Неговиот брат Николас пристигнува во Италија на конечни преговори, а Јувентус договори нов состанок во Ница со Грановска и Абрамович. Тие со задоволство и го решиле проблемот така што би ги продале во пакет Игуаин и Калдара, но тоа би исклучило враќање на Бонучи за кој се заинтересирани.

Расплетот би можел да следува веќе денес, Милан губи во секој случај, ако Челзи и Јувентус се договорот, бидејќи, Бонучи не можат да го продадат никому, бидејќи и тој самиот сака назад во некогашниот клуб и не профаќа да ја напушти Италија, одби подобра понуда од Парижаните…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…