Дома Останати Кошарка НБА Нова неверојатна вечер за Дончиќ со супер трипл-дабл! (ВИДЕО)

Нова неверојатна вечер за Дончиќ со супер трипл-дабл! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари.

Далас на гости славешеп ротив Сакраменто Кингс со 127:123 и одново Лука Дончиќ одигра еден неверојатен натпревар. Дончиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл од 27 поени, 15 скокови и 17 асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со овој трипл-дабл Словенецот стана најмладиот играч во НБА кој на еден натпревар имал трипл-дабл со најмалку 20 поени и по 15 скокови и асистенции. Единствен играч на кој ова му успеало е Јанис Антетокумпо.

За Дончиќ тоа беше 20. трипл-дабл во кариерата и му недостасува само еден за да го стигне рекордот на франшизата кој го постави Џејсон Кид. Воедно, Лука постави и личен рекорд по бројот на асистенции во еден натпревар.

Портланд ја запиша втората победа во низа победувајќи го Хјустон за кого тоа беше втор пораз во низа. Разигран беше Лилард кој за победничкиот тим постигна 25 поени, додаде уште седум скокови и асистенции. Најдобар кај Хјустон беше Расел Вестбрук со 31 поен, 11 скокови и 12 асистенции. Џејмс Харден одигра слаб натпревар и застана на само 13 поени.

Орландо ги изненади ЛА Лејкерси и стигна до 20. победа во сезоната. Овој пораз за Лејкерси значеше прекинување на низата од девет победи. За Орландо по 21 поен постигнаа Арон Гордон и Маркел Фулд кој имаше уше 11 скокови и 10 асистенции, додека по 19 уфрлија Никола Вучевиќ и Вес Ивунд.

За тимот од Лос Анџелес Квин Кук додае 22 поени, Леброн Џејмс запиша нов дабл-дабл со 19 поени и исто толку скокови.

Денвер славеше против Шарлот, а Никола Јокиќ одигра скромен натпревар со 12 поени 8 скокови и 8 асистенции.

НБА резултати:

Бостон – Детроит 103:116

Филаделфија – Бруклин 117:106

Мајами – Сан Антонио 106:100

Чикаго – Вашингтон 115:106

Минесота – Индијана 99:104

Оклахома – Торонто 121:130

Денвер – Шарлот 100:86

Хјустон – Портланд 107:117

Сакраменто – Далас 123:127

Лејкерси – Орландо 118:119

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…