Вардар е пред комплетирање на тимот со кој ќе игра наредната сезона.
Засега отворено е уште прашањето на десната бековска позиција, низ медиумите разни имиња се поврзуваа со актуелниот македонски и европски шампион. Најново име на радарот на Вардар е поранешниот српски репрезентативец, Марко Вујин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
36 годишниот леворак бомбардер ја заврши епизодата во Спортинг Лисабон и сега работи на пронаоѓање на куб за наредната сезона. Вујин е еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите во која играше со Кил и Веспрем.
И покрај богатата кариера Вујин не успеа да го оствари сонот и да ја освои ЛШ.
Вардар сега е во изградба на нов тим после проблемите, па ќе видиме дали ќе има можност за такво нешто, секако ако дојде до негово доаѓање во Скопје.