Дома Фудбал Лига на шампиони Нова вечер, нова прилика за историја – Роналдо „брка“ нешто што НЕ му успеало на НИКОЈ!

Нова вечер, нова прилика за историја – Роналдо „брка“ нешто што НЕ му успеало на НИКОЈ!

ronaldo

Реал Мадрид вечерва против Борусија Дортмунд го игра последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа ќе биде добра прилика за Кристиано Роналдо да собори два нови рекорди.

Со осум погодоци покрај своето име, напаѓачот е прв стрелец во ова натпреварување, а му недостасуваат уште два за да собори два нови рекорди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку постигне гол против „милионерите“ Роналдо ќе стане првиот играч во историјата кој постигнал гол на секој натпревар во групната фаза. Дел Пиеро и Ребров беа блиску до остварување на ваков подвиг во сезонаите 1995/96 и 1997/98, како и Нејмар вчера.

Кристиано веќе е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 113 погодоци.

Со два погодоци вечерва Роналдо ќе го надмине Меси како најдобар стрелец во историјата во групната фаза од Лигата на шампионите. Фудбалерот на Барселона постигна 60 погодоци, додека Португалецот е стрелец на 59 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…