Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на 31 декември од 10 часот ќе го одигра првиот официјален натпревар во новата сезона.
Негов ривал на „Јунајтед купот“ ќе биде Јижен Жанг, моментално 58. на АТП листата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред тоа, Ѓоковиќ во среда во Ријад ќе одигра егзибициски меч против Карлос Алкараз.
Новак потоа ќе отпатува за Перт каде ќе биде дел од српскиот тим на Јунајтед купот.
На „Јујтед купот“ Србија е во група со Кина и Чешка – победниците од сите шест групи плус двете најдобри второпласирани селекции одат во четвртфиналето.
Веднаш по дуелот помеѓу Новак и Жанг, Олга Даниловиќ ќе ги одмери силите против 15-та во светот Кинвен Женг.