Дома Топ вести Новата аргентинска ѕвезда се договори со Јувентус

Новата аргентинска ѕвезда се договори со Јувентус

Јувентус сака да го засили средниот ред, а нова желба на „бјанконерите“ е аргентинскиот репрезентативец, Алексис Мекалистер.

Мекалисер, кој има ирски корени се промобираше во еден од најважните играчи на Аргентина на Мундијалот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а особено го импресионираше тренерот на Јувентус, Макс Алегри.

23-годишиот играч за врска пристигна во Брајтон од Бока Јуниорс за 12 милиони евра и неодамна го продолжи договорот со англислиот клуб до 2025 година.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Мекалистер веќе постигнал договор со Јувентус и сака да се пресели во Торино, па останува уште двата клуба да ја договорат отштетата.

Неговата цела после Мундијалот значително порасна, а Јувентус е спремен за неговиот потпис да понуди 30 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…