Дома Останати Тенис Новак имал проблеми: Откриена причината за поразот на Ѓоковиќ на Австралија Опен

Новак имал проблеми: Откриена причината за поразот на Ѓоковиќ на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ беше поразен во полуфиналето на Австралија Опен, а медиумите се уште се занимаваат со прашањето што се случи со Новак.

Од Мелбурн пристигнуваат различни информации и во една од нив сега се зборува дека Ѓоковиќ имал зголемена телесна температура. Наводно, Србинот тоа не го објавил бидејќи не сакал да бара оправдувања и да ја намали победата на Синер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Вечерта пред финалето Новак доби треска. Беше болен три недели, имаше некој вирус, посилна настинка. Со температура не може да играте добро, но не сакаше да оди не лекар за да не стигне до новинарите“, зборуваше српскиот новинар Лука Николиќ во подкастот „Рекетирање“.

Николиќ објаснува и дека тоа е причината што Ѓоковиќ не изгледал најдобро.

„Токму затоа играше лошо во првите два сета, можеше да се види дека е слаб и дека не може да биде на највисоко ниво“, зборува помеѓудругото Николиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…