Дома Фудбал Италија Ништо од новиот стадион: Интер и Милан пронајдоа ново решение

Ништо од новиот стадион: Интер и Милан пронајдоа ново решение

Италијанските гиганти Милан и Интер нема да градат нов стадион.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Градските ривали со години го користат еден од најпознатите стадиони во светот, но во последните месеци на Апенините на големо се шпекулираше дека наскоро би можеле да го напуштат.

Милан и Интер ја разгледуваа можноста покрај сегашниот стадион да изградат нов стадион, но после разговорот со градската управа пронајдено е ново решение.

„Градската управа вети дека ќе вложи пари во реновирање на сегашниот стадион. Интер и Милан се расположени за секој вид на соработка и спремни сме да учествуваме во реновирањето на стадионот“, изјави извршниот директор на Интер, Алесандро Антонело.

Од друга страна луѓето во Милано не се откажуваат од идејата во иднина да изградат нов стадион покрај постоечкиот. На тој начин Милано би станал првиот град кој би имал два големи стадиони кои се одалечени само стотина метри еден од друг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешна ѕвезда на Арсенал чиј живот се распадна по крајот на кариерата: Ниту синот не зборува со мене

Името на Емануел Ебуе веднаш потсетува навивачите на Арсенал на симпатии и спомени за врем…