Дани Себаљос ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, па иако медиумите тврдеа дека ќе се пресели во Ливерпул, сепак плејмејкерот се враќа во Бетис.
Себаљос минатото лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ како голем талент, но не добива голека минутажа кај Зинедин Зидан. Поради тоа сака да ја промени средината, а и „кралскиот“ клуб нема да му стои на патот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Последните информации од Шпанија говорат дека Себаљос се враќа во својот бивши клуб, Бетис и тоа само за 16 милиони евра, иако Ливерпул е спремен да плати 40 милиони евра за неговиот потпис.
За Реал Мадрид ова е најдобрата опција бидејќи во договорот со Бетис ќе може да вметне клаузула според која ќе може во наредните две години да го врати фудбалерот на „Сантиаго Бернабеу“ за 20 милиони евра.
Самиот фудбалер исто така преферира преселба во Бетис каде што ќе има сигурно место во стартниот тим и ќе може да има голема минутажа.