Беше Бостон на чекор од историски пресврт откако губеше со 3:0 во серијата против Мајами, но на крајот сепак не успеа да се пласира во големото финале.
Стигнаа до 3:3 и се изборија за „мајсторка“, но повредата на Џејсон Тејтум на стартот како да беше најава за нивниот пораз со 84:103.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во отстуство на Тејтум, Браун и Смарт не успеаа да надоместат, а на спротивната страна Мајами ги искористи своите прилики и го наполни кошот на Бостон. Батлер и Мартин со 28 и 26 поени беа најефикасни кај Мајами, а треба да се истакне и Адебајо кој запиша дабл-дабл со 12 пиени и 10 скокови.
Кај Бостон, Браун уфрли 19 поени, Смарт 18, додека Тејтум мечот го заврши 14 поени.
Противник на Мајами во финалето ќе биде Денвер кој претходно лесно ја заврши работата со Лејкерс и славеше со 4:0.