Италијанските фудбалски клубови Милан и Интер веќе подолго време работат на изградна на нов стадион на местото на денешниот „Сан Сиро“.
Миланските клубови одобрија проект за изградба на нов стадион на подрачјето на „Сан Сиро“, но поради бирократски проблеми општината го кочи започнувањето на новиот стадион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Проектот е веќе одобрен од советот на општината во Милано, па се чека само зелено светло од сопствениците на Интер, кое се уште не може да ја обезбеди финансиската конструкција.
Милан наскоро ќе добие нови сопственици, арапскиот фон „Инвесткорп“, кој не сака да чака и се спремни само да го изградат новиот стадион.
Изградбата на новиот стадион ќе чини 700 милиони евра, средства кои нема да бидат проблем за Арапите, па новиот стадион ќе биде во целосна сопственост на Милан.
Новите сопственици наскоро ќе имаат состанок со Интер и доколку не дојде до договор, се спремни да започнат изградба на нов стадион во преградието на Милан, зона „Сесто“.