Македонскиот стратег Виктор Треневски, кој неодамна го напушти тимот на Деќиќ беше поврзуван со преземање на тренерското столче на Будуќност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, последните информации говорат дека Треневски е прв пик на Македонската федерација за наследник на Милевски на кормилото на младата репрезентација.
Неодамна некои медиуми го поврзуваа со тренерското столче во Вардар, но сепак Треневски е најблиску до преземање на младата репрезентација на Македонија.
Треневски иначе во Македонија како тренер помина само една година каде што во сезоната 2016/2017 го предводеше тимот на Работнички.