Дома Фудбал Ништо не им може ниту ФИФА: Интер упорен да го донесе Модриќ во своите редови

Ништо не им може ниту ФИФА: Интер упорен да го донесе Модриќ во своите редови

Иако е јасно дека Лука Модриќ нема ова лето да го менува клубот, Интер не сака да се откаже од потерата по фантастичниот хрватски играч за врска.

Модриќ е под договор со Реал Мадрид до јуни 2020. година, Кралевите сакаат да го задржат во својата екипа, а Интер кој ова лето се обиде да го донесе е пријавен во ФИФА од страна на шпанскиот великан.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Реал упати пијава поради нелегален контакт на Интер и нивниот играч, па може да се тврди дека односите помеѓу двата клуба во моментов се многу лоши. Сепак, Кореиро дело Спорт пренесува дека Интер не се откажува кога е во прашање трансферот на Модриќ, и дека Нероаѕурите веќе во јануари ќе подготват нова понуда и повторно ќе се насочат кон капитенот на хрватската репрезентација.

Како што истакна и самиот Модриќ, кој следниот месец ќе наполни 33 години, заинтересиран е за идејата во Интер да им се придружу на репрезентативните колеги, Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ и Шиме Врсалјко.

Во зависност од неговите партии во Реал во следниве месеци и лошиот однос со челниците на клубот поради целата трансфер сага, Кралевите може и ќе прифатат да го продадат во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…