Дома Фудбал Останато Ништо и од 4. јуни: УЕФА закажа состанок, Македонија – Косово пред ново одложување!

Ништо и од 4. јуни: УЕФА закажа состанок, Македонија – Косово пред ново одложување!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за задутре (1 април) закажа нова видео конференција со сите генерални секретари на националните федерации, а помеѓу нив ќе има претставници и на Македонија.

На видео конференцијата ќе се разговара за нови промени во календарот, па извесно е дека натпреварот помеѓу Македонија и Косово ќе биде одново одложен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред две недели УЕФА го помести натпреварот Македонија – Косово за на 4. јуни меѓутоа сега е извесно дека и тогаш нема да се одигра баражот од полуфиналето во Лигата на Нации.

„УЕФА ги кани своите 55 членки и нивните генерални секретари на видео конференција за да се разговара за прогресот на работните групи кои беа составени пред една недела. На состанокот ќе се разгледува календарот за репрезентативните и клупските натпреварувања“, стои во дел од известувањето од Нион.

Инаку, англиски „Тајмс“ веќе објави дека УЕФА има план клупската сезона да заврши во август, меѓутоа не се пишуваше за конкретни детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…