Дома Фудбал Италија Ниту „моќниот“ Милан не успеа да ги сопре Џеко и Рома

Ниту „моќниот“ Милан не успеа да ги сопре Џеко и Рома

Рома вечерва на „Сан Сиро“ славеше победа против Милан со 2:0 во рамки на седмото коло од италијанската Серија А.

Ова беше дербито на колото, но натпреварот до кај 60. минута не понуди многу возбудувања.

Почетокот на продолжението на мечот го обележаа Един Џеко и Леонардо Бонучи. Џеко во тие моменти заработи и жолт картон поради приговор кон судијата, но исто така доби и лакт во лице од страна на Бонучи.

Во 72. минута Џеко доби топка од 20тина метри и успеа да го собори Донарума на противничкиот гол.

Флоренци пет минути подоцна го постигнс и вториот погодок за „Римската волчица“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дармијан потпиша за Болоња по заминувањето од Интер

Матео Дармијан официјално се приклучи на Болоња по неговото заминување од Интер, потпишува…