Ракометарите на Шпанија останаа со максимален ефект на Европското првенство и денес ја запиша 5-та победа во исто толку меча.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес пред „црвената фурија“ падна домаќинот Австрија, која имаше сили само да го направи неизвесно првото полувреме.
Првиот дел го добија Шпанците со 17:16, а во второто полувреме актуелниот шампион само ја зголемуваше разликата за на крајот да стигне до конечна победа од 30:26.
МВП на мечот беше Хорхе Македа, кој постигна шест гола за Шпанија, додека Јанко Божовиќ со пет погодоци беше најефикасен кај Австрија.