Кепа Аризабалага во август 2018. година стана најскапиот голман на светот.
Челси за услугите на шпанскиот голман му плати на Атлетик Билбао неверојатни 80 милиони евра, но тој никогаш не ги оправда очекувањата на Стемфорд Бриџ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очигледно е дека Сините направија големо промашување со купувањето на Кепа, па одлучија ова лето да донесат нов голман и ангажиран е Менди од Рен.
Сега Челси се обидува на сите начини да се ослободи од Кепа. Наводно, никој не го посакува голманот кој не се прослави во Лондон и клубот ќе има голем проблем да најде тим каде може да го испрати на позајмица.
За сега заинтересирани страни за негов ангажман нема. Па така, Челси ќе биде приморан да го чува Кепа на трибините и за тоа да му плаќа пет милиони евра годишно.
Преодниот рок трае до 5. октомври и ќе видиме дали ќе се најде некое решение за шпанскиот голман.