Дома Фудбал Никој како Флик: Баерн со него е перфектен во нокаут фазата од ЛШ

Никој како Флик: Баерн со него е перфектен во нокаут фазата од ЛШ

Ханси Флик седна на клупата на Баерн во ноември 2019 година и баварскиот гигант од тој момент гази се пред себе.

Овој 56 годишен стратег работи одлично во Баерн. Минатата сезона стигна до сите можни трофеи, а и оваа со исклучот на германскиот куп имаат шанси во останатите натпреварувања да се борат за пехарите.

Интересно е што Флик до сега ги добил сите натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Го водеше Баерн на седум натпревари во елиминационата фаза од ЛШ и запиша исто толку победи.

Во овие седум се последните два натпревари против Лацио, а преостанатите пет се од минатогодишното издание на Лигата на шампионите кога го одведе Баерн до трофејот на завршниот турнир во Лисабон.

Баерн сега го чека ждребот кој е закажан за во петок и ќе видиме дали Флик ќе ја продолжи оваа негова неверојатна низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јашароски со хет-трик за 22 минути, Илинден му даде шест гола на Перпарими

Илинден победи со 6-0 на гостувањето кај Перпарими, а Ален Јашароски ги постигна првите тр…