Дома Останати Кошарка НБА Никој како Дончиќ: Го остави зад себе големиот Џејсон Кид и стана рекордер на Далас!

Никој како Дончиќ: Го остави зад себе големиот Џејсон Кид и стана рекордер на Далас!

Кошаркарите на Далас го победија Њу Орлеанс на свој паркет со 127:123, во овој натпревар Лука Дончиќ стигна до својот 22. трипл-дабл.

Дончиќ со 22. трипл-дабл стана рекордер во франшизата од Тексас во таа категорија прескокнувајќи го легендарниот Џејсон Кид. Одличниот бек дуелот со Њу Орлеанс го заврши со 30 поени, 16 скокови и 10 асистенци и беше најзаслужен за 38. триумф на Маверикс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај него одличен натпревар одигра и Кристап Порзингис со 34 поени и 12 скокови, додека Сет Кари запиша 21 поен. Во редовите на Пеликанс Брендон Инграм имаше 27 поени, Лонзо Бол 25 и 11 скокови, а Зион Вилијамсон 21 поен и 6 скокови.

После исклучително неизвесен и возбудлив натпревар во кој ниту една екипа немаше двоцифрен број на поени гостите продолженија избори со тројката Николо Мелија на седум секунди пред крајот.

Далас имаше шанси се да реши во наредниот напад, но Порзингис не беше прецизен. Тоа сепак не им пречеше на Мавси во дополнителниот период да пружат подобра игра и предводени од Дончиќ и Порзингис да стигнат до победата.

НБА резултати:

Кливленд – Бостон 106:112

Детроит – Оклахома 107:114

Милвоки – Индијана 119:100

Бруклин – Мемфис 79:118

Мајами – Орланд 116:113

Њујорк Никси – Јута 104:112

Минесота – Чикаго 115:108

Далас – Њу Орлеанс 127:123 (пп)

Портланд – Вашингтон 125:104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…