Дома Фудбал Лига на шампиони Никој како Анчелоти: Италијанецот испиша историја!

Никој како Анчелоти: Италијанецот испиша историја!

Реал Мадрид вчера во едно епско полуфинале после продолженија го елиминираше Манчестер Сити и се пласираше во финале во кое игра против Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ славеа победа со 3:1 и тоа им беше доволно за финале откако во првиот натпревар беа поразени со 4:3. Со овој пласман во финалето историја испиша Карло Анчелоти.

За Анчелоти ова финале ќе биде негово петто во кариерата. Претходно во завршницата на најелитното европско натпреварување играше со Милан во 2003, 2005 и 2007 година, потоа со Реал Мадрид во 2014 и сега повторно со „кралевите“.

Досега ниту еден тренер не водел екипа во пет финалетиа, Марчело Липи, Сер Алекс Фергусон и Мигел Муњоз имаат по четири. Четврто финале на 28. мај ќе биде и за Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Турција е елиминирана од Светското првенство

Националниот тим на Турција не успеа да продолжи натаму на Светското првенство, откако во …