Дома Фудбал Репрезентации Никој за репрезентацијата не игра така добро како Роналдо!

Никој за репрезентацијата не игра така добро како Роналдо!

Кристиано Роналдо вчера постигна три гола против Швајцарија и така ја одведе Португалија во финалето од Лигата на Нации (3:1).

Роналдо веќе со години е прва ѕвезда на националниот тим и сосема сигурно најдобриот фудбалер кој некогаш Португалија го имала.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку го нема Роналдо прашање е на што би личела репрезентацијата на Португалија, но со него во тимот тие скоро секогаш се помеѓу кандидатите за највисок пласман.

Ѕвездата на Јувентс вчера стигна до бројката од 88 погодоци за националниот тим. Тоа значи дека Роналдо дополнително се зацврсти на листата на стрелци кога во прашање се головите за репрезентацијата, ако зборуваме само за активните фудбалери.

Зад Роналдо е Индиецот Сунил Четери кој за националниот тим постигнал 68 голови, потоа следи Меси со 65, па Нејмар, Давид Виља, Левандовски…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…