Дома Фудбал Останато Николов: Здравјето е најважно, останете дома!

Николов: Здравјето е најважно, останете дома!

Пандемијата со коронавирусот продолжи да ги прекинува фудбалските првенства и оние малку кои беа најупорни.

Откако беше суспендиран фудбалот во Унгарија денес се огласи македонскиот фудбалер и член на Видеото, Бобан Николов.

„Драги Види-фанови, како што веќе веројатно знаете Унгарската фудбалска федерација ги прекина професионалните фудбалски лиги, а нашиот клуб ги прекина тренинзите. Фудбалот е важен за нас, но здравјето е најважна работа во светот. Ние играчите ќе се обидеме да останеме во форма и дома, ве охрабруваме сите да останете дома или да ги минимизирате контактите надвор колку што можете. Ние веруваме дека наскоро ќе се видиме и ќе славиме нови победи“, порача Николов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов проблем за Челси: Рис Џејмс е опериран, го чека подолга пауза

Капитенот на Челси, Рис Џејмс, успешно го оперираше коленото по повреда заработена на трен…