Дома Македонски спорт Николов: Вардар направи нешто што не му успеало ниту на големиот Реал Мадрид!

Николов: Вардар направи нешто што не му успеало ниту на големиот Реал Мадрид!

Македонскиот шампион Вардар оствари огромен успех и се пласираше во групната фаза, а фудбалерот Бобан Николов беше воодушевен по големиот натпревар.

Николов истакна дека не може да опише како се чуствува, но е сигурен дека овој натпревар ќе остане запишан во историјата и ќе се прераскажува вечно.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Не можам да опишам како се чуствувам. Направивме голем подвиг, ја ирзадувавме Македонија, го оставивме срцето на терен и бевме наградени. Ова е од оние натпревари кои вечно ќе се прераскажуваат. Ниту Реал Мадрид не успеал да ги натера турските фанови да навиваат против нивниот претставник, нас тоа ни успеа. Во последните минути од натпреварот, целиот стадион скандираше: Вардар, Вардар…“, изјави Николов.

Македонските фудбалери во текот на ноќта се вратија во Македонија, а денес како и целата македонската фудбалска јавност со нетрпение ја очекуваат ждрепката која е закажана за во 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…