Македонскиот репрезентативец Бобан Николов истакна дека за нас би бил добар резултат доколку освоиме бод на гостувањето кај Романија.
Македонија утре ги започнува квалификациите за Светско првенство против Романија во Букурешт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се радувам на можноста да се видам и да настапувам против моите поранешни соиграчи кои ги знам долго време, јас дојдов во Романија на 12-13 години. Но, и покрај тоа што сме одлични пријатели утре на терен ќе бидеме вистински противници и нека победи подобриот. Може да кажам дека сум среќен што Букурешт ќе биде и наш домаќин на Европското првенство, имам многу пријатели тука кои знам дека ќе бидат наша вистинска поддршка“.
„Бод од утрешниот дуел не би бил лош резултат. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели и секако дека одиме на позитивен старт на новиот квалификациски циклус“, изјави Бобан Николов.